Тројца планинари загинаа по удар од гром во Австрија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тројца планинари, загинаа вчера од удар од гром недалеку од високиот врв Митагспице во Тирол, Австрија. 62-годишен маж, неговата 60-годишна сопруга и неговиот 60-годишен брат се спиштале поради наглата промена на времето, кога се случила несреќата.

Спуштањето го започнале околу 12:30 часот, и со оглед дека не се вратиле, веднаш е покрената потрага во која биле вклучени полицајци и спасувачка служба, како и хеликоптер на итната медицинска помош.

Спасувачката екипа на хеликоптерот на крајот забележала три неподвижни тела во близина на обележана патека на приближно 2.268 метри надморска височина. Лекарот можел само да ја потврди смртта на тројцата планинари. 

Според окружниот лекар, сите тројца починале од удари од гром.