Три лица загинаа, а тројца се повредени во руски ракетен напад врз украинското пристаниште Одеса рано во средата, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер.
„Непријателот ја нападна Одеса со балистички ракети. Во нападот три лица загинаа, а тројца се повредени“, изјави градоначалникот на Одеса Генадиј Труханов на социјалната мрежа Телеграм.
Кипер додаде дека нападот ја оштетил цивилната инфраструктура во градот.
Во понеделникот руска ракета погоди образовна институција во градот, при што загинаа пет лица.
