Тројца затрупани при ископ на темели во Скопје, спасувачка акција во тек

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тројца работници утрово биле затрупани со земја при изведување ископ на темели на градилиште на улицата „Козјак“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, настанот бил пријавен во 08:17 часот во СВР Скопје. Двајца од затрупаните работници се извлечени и со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во тек е координирана акција за спасување на третото лице, во која покрај полицијата учествуваат и екипи од Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита.