Мила Царовска, министерката за образование вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека очекува во иднина Педагошките факултети да поработат малку и на дигитализацијата кога се прозиведува кадар, бидејќи идните кадри треба да знаат да се справуваат со дигитални алатки и дигитално учење.
„Сега на педагошките факултети ако видите, нема ни Д од дитигализација, а тие треба да произведат кадар кои ќе знае да се справува со дигитални алатки и дигитално учење. Тие се автономни, но природно, кога ќе речеме дека настаниците треба да ги има тие и тие карактеристики, треба да се произведе тој кадар“, рече Царовска.
Министерката одговори на прашањето како да се врати достоинството на наставниците, кое сега е загубено.
„Прво намалување на притисоците. Потоа системот на вработување, дека се вработувате како наставник и останувате наставник и не треба да молите за продолжување на договор, или да треба да држите 2-3 часа плус за да останете на работа. Она што е следно кариерниот развој. Не значи дека ако се вработувате наставник, и се пензионирате како наставник. Ако сте еден од најдобрите, имате можност да бидете ментор, па советник, и така натаму. Сето тоа дава поинаква слика за кариерата наставник и за професијата. “, рече Царовска.
Целата изјава низ следното видео:
