Мила Царовска, министерката за образование вечерва во „Клик Плус“ објасни дека во образованието се воведува т.н. кариерен развој. Односно, тие што ќе се истакнат со поразлична содржина, кои што ќе создадат дополнителен наставен материјал, ќе напредуваат. Таа напомена дека во минатото на наставниците им биле давани матрици, и тие што ќе излезеле од рамката, биле казнувани.
„Направивме истражување со 4 160 наставници. Има добар потенцијал, но, со години нивното достоинство се газело. Им биле давани матрици. Тој што ќе излезе од кутијата или рамката, бил казнуван. За разлика од светот тој наставник кој ќе се истакне со поразлична содржина, бил наградуван и расте“, вели Царовска која објасни за кариерниот развој.
„Сега го воведуваме кариерниот развој. Тоа значи дека тој што знае да ссоздаде дополнителен наставен материјал, кој оди на обуки, кој сознава нови алатки, може да аплицира за наставник ментор, па потоа и за наставник советник. Да биде потоа награден и да биде пример за другите“, рече Царовска која рече дека до пред некое време се било уништено, и дека училиштата се гледаа како место каде се држеа на кратко ланче партиски гласачи.
