Царовска: Во подготовка е нов закон за учебници – ќе се намали веројатноста во учебниците да има невистина или спротивно на граѓанските вредности

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерката за образование Мила Царовска, во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва откри дека во подготовка нов закон за учебници.

„Нов акон за учебници е во подготовка, и во основа на тој закон ќе се донесе методологија за потврдување или одбивање на одреден наставен материјал или учебник. И тука таа методологија е подготвена транспарентно со помош на ОБСЕ, таа е веќе во завршна фаза.“, истакна министерката.

Царовска додаде дека методологијата на создавањето на учебници ќе биде сеопфатна, за да се намали нешто што е спротивно од граѓанските вредности да го има во учебниците.

„Методологијата ќе биде сеопфотна, за да се намали нешто што е спротивно од гражанските вредности или невистна ќе се протне во учебниците“, додаде Царовска.