Попи Отул (26) е една од помладите „инфлуенсери“ која ја следат 1,3 милиони корисници на познатата мрежа „Тик Ток“.
Таа неодамна објави кратко видео за кое тврди дека „ќе ви го промени животот“. Таа сподели многу едноставен начин на сечење кромид.
„Ова е една од првите техники што ќе ги научите кога ќе станете готвач. Прво треба да го исечете горниот дел од кромидот, а потоа да ја излупите лушпата. Се препорачува да започнете со хоризонтално сечење и да направите три или четири исечоци. Но гледајте другиот крај да остане недопрен. Потоа пресечете го шест пати вертикално, а потоа свртете го и исецкајте го до крај“, рече Отулова.
„Едвај чекам да го пробам ова“, „Сакам да готвам, но не знаев за ова“, „Го грешам ова цел живот“, се само некои од многуте коментари.