Цела Италија во “црвена зона”, забрана за јавни собири, луѓето да излегуваат само за итна потреба и за работа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Само еден ден откако цела северна Италија е ставена под карантин поради коронавирусот, премиерот Џузепе Конте издаде препораки за целата земја.

Забранети се јавните собири, а движењата ограничени само за итни случаи и за работа. Исто така е наредено голем дел од скијачките центри да бидат затворени.