Сообраќајот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево е во целосен прекин поради случена сообраќајна несреќа.
Возачите се советуваат да го избегнуваат овој патен правец и да користат алтернативни рути додека траат интервенциите на надлежните служби за расчистување на местото на несреќата.
Засега нема информации за повредени лица ниту за причините за несреќата.
