Цените на нафтата паѓаат, но инвеститорите сè уште не слават

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Перспективата за можен мировен договор со Иран во понеделник доведе до пад на цените на нафтата, а индексите на берзите низ целиот свет се искачија.

Меѓутоа инвеститорите и натаму не може да слават, затоа што и во минатото имало пад на цените, па веднаш потоа се качувале, согласно ситуацијата на терен на Блискиот Исток и во Ормутскиот теснец.

Цените на нафтата на светските пазари денеска се намали за речиси шест проценти, при што „Брент“ се движи за околу 98 долари за барел, а американската сурова нафта WTI за 91 долар за барел.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот со Иран „или ќе биде значаен или нема да биде“, додека иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека е постигнат напредок во преговорите, но дека конечниот договор сè уште не е блиску.

Пазарите беа дополнително охрабрени од податоците што укажуваат на постепена нормализација на морскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, еден од најважните енергетски коридори во светот.