Цените на нафтата растат по договорот меѓу Кина и Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цените на нафтата пораснаа за околу четири проценти откако САД и Кина се согласија да ги ублажат царините, поттикнувајќи надежи за крај на трговскиот конфликт меѓу двата најголеми потрошувачи на нафта во светот. На лондонскиот пазар, барел сурова нафта се тргуваше за 2,43 долари поскапо, за 66,34 долари. На американскиот пазар, барел сурова нафта поскапе за 2,51 долари, од 63,53 долари.

САД и Кина во понеделник објавија договор за привремено укинување на царините по разговорите во Женева за време на викендот. Двете страни се согласија на 90-дневна пауза и објавија дека царините ќе бидат намалени за повеќе од сто процентни поени на основна стапка од 10 проценти.

Женевските состаноци беа првите директни средби меѓу високи американски и кинески економски претставници откако американскиот претседател Доналд Трамп се врати на власт и воведе серија царини за трговските партнери ширум светот.

Позитивен исход од разговорите меѓу двете најголеми економии во светот би можел да помогне во зголемувањето на побарувачката за нафта, како што се опоравува трговијата меѓу земјите.

Цените на нафтата на двата пазари пораснаа за повеќе од четири проценти минатата недела откако трговскиот договор на САД со Велика Британија ги зголеми надежите на инвеститорите дека ќе бидат избегнати економски нарушувања од американските тарифи наметнати врз трговските партнери.

Трговската војна меѓу САД и Кина на почетокот на април ги падна цените на нафтата на најниско ниво во последните четири години.