Директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски, во гостување на „Бизнис21“ откри дека моменталните цени на становите го достигнуваат својот врв и нема простор за понатамошен значителен раст.
Проценките се дека досега постигнатите суми претставуваат максимум и дека во наредниот период е можно благо намалување.
Сепак, тој вели дека не очекуваат драматичен пад на пазарот. Напротив, се предвидува стагнација која би довела до стабилизација, со цените што ќе се задржат на тековното ниво — без нови скокови, но и без значајни осцилации.
