Фросина Ушлиновска, претставник на Групацијата за недвижности при Стопанската комора, вечерва во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 рече дека и покрај растот на цените на недвижностите, интерес на граѓаните постојано има.
„Постојано во агенциите за недвижности, постојано има интерес за нови и нови станови. И тоа покажува дека цените на пазарот не можат да се намалат. Кога купувачите ме прашуваат дали цените ќе се намалат, за да се намалат цените за било кој производ, потребно да нема интерес да се купи. Ако има интерес, тогаш не може да се очекува дека сирењето ќе падне со цена кога е барано на пазарот“, вели Ушлиновска.
