Цевките поставени, улицата остана неасфалтирана – Општина Чаир: Работата е стопирана поради времето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е улицата „Перо Тошев“ во населба Серава, општина Чаир.

Жителите се жалат дека не поминува ниту еден ден без да си ги извалкаат чевлите со кал и прашина.

Градежните активности почнаа уште пред една година и сѐ уште не се завршени.

„Кал, се гушиме во прашина, ова е несфатливо“.

-А порано како беше?

„Никогаш не беше добро, секогаш имаше дупки, секогаш се копаше“.

-Тешко ли ви е да поминувате секојдневно од тука?

„Тешко ни е да“.

-А кога врне?

„Станува како во базен, се собира вода како езеро станува. Посакуваме барем еднаш да поминеме од тука со чисти чевли.“

„Мислам дека од пред една година е вака“.

-Порано каква беше улицата?

„Барем беше асфалтирана“.

-Како поминувате со автомобил?

„Голем проблем е, особено кога врне или сега во зима кога ќе падне снег. Уште поголем проблем!“

-Пред колку време општината ја стопираше работата?

„Откако се расипа времето, веќе недела и пол работниците не доаѓаат“.

„Без работа ништо не може да се направи. Ова го бараме 60-70 години“.

-Значи никогаш не беше санирана?

„Не, никогаш“.

„Без инженер, без надзор, кој како сакаше така работеше. Секој кој посака ги зема партите. Дали сакаш да соработуваш? Да, толку пари. Ова не е во ред. Некој ги платил за ова, но жал ми е за оној кој ги дал парите за оваа улица“.

Од општина Чаир велат дека активностите се во прекин поради временските услови и дека наскоро се очекува да продолжат.

„Во моментов работните екипи се на терен во населбата Серава и работат на подготовка на улиците за асфалтирање, процес кој беше во прекин неколку дена поради времето. Се надеваме дека климатските услови ќе бидат поволни и во наредните денови ќе го завршиме асфалтирањето“, велат од општина Чаир.

Пред една година во оваа населба почна поставувањето на водоводната и канализационата мрежа, а потоа требаше да почне фазата за асфалтирање на улицата, но активностите сѐ уште не се целосно завршени.