„Лоша вест за пушачите. Од вчера, цените на цигарите се зголемени за 10 денари, што значи дека лицата кои пушат по едно пакување на ден, ќе плаќаат околу 300 денари повеќе месечно“, вели репортерката на ТВ21, Алмедина Исмајли.
Граѓаните велат дека 10 денари не се проблем за нивниот џеб и дека ќе продолжат консумираат цигари, додека оние кои не пушат, велат цигарите треба да поскапат уште повеќе.
„Моите деца пушат, тоа е луксуз, како во западните земји – луксуз. Еве пресметајте – 30 дена, син ми пуши една кутија дневно – 200 денари се цигарите, тоа се 6.000 денари месечно, а некои ги купуваат и поевтино. Јас сум за тоа да се поскапат двојно“, вели граѓанин.
ТВ21: Од која возраст пушите?
Граѓанин: Од 16 години.
ТВ21: Пробавте ли некогаш да се откажете?
Граѓанин: Нема шанси. Опериран сум на срце и…
„Поскапеа и доматите и пиперките за моето семејство, а не па цигарите – тоа е уште поголем проблем“, вели друг граѓанин.
„Од 2008 година имав рак на носот и преживеав. Се лекував една година во Америка. Да бев овде, сигурно немаше да преживеам. Од тогаш не пушам цигари“, вели граѓанин.
„Со ова поскапување од вчера, нема некоја разлика – тие што порано купуваа, купуваат и сега. Колку што знам, тоа е според договор со ЕУ – секоја година цигарите да поскапуваат сè додека не се изедначат со цените во ЕУ. А од кого конкретно е ова направено сега – не знам“, вели продавач.
Цигарите на мало се поскапени за 10 денари од 29 септември. Го прашавме Министерството за финансии дали ова се должи на зголемување на акцизите, но од таму сè уште немаат дадено одговор.