ЦИК го предлага 7 јуни за предвремените избори во Косово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Централната изборна комисија на Косово, Крешник Радониќи, се огласи по средбата со вршителката на должноста претседател, Албуена Хаџиу.

Тој изјави дека нивен предлог е изборите да се одржат на 7 јуни.

„Наше мислење е 7 јуни, но сепак, конечната одлука ѝ припаѓа на претседателката“, изјави Радониќи.