Ципрас изрази сочувство за несреќата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Потресени сме од трагичната несреќа во Бугарија во која загинаа десетици луѓе, меѓу кои и мали деца, напиша на „Твитер“ лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

-Потресени сме од трагичната несреќа во Бугарија во која загинаа десетици луѓе, меѓу кои и мали деца. Нашите мисли се со семејствата на жртвите. На повредените им посакува брзо закрепнување, напиша Ципрас на „Твитер“.

Сочувство за несреќата веќе изразија и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и Министерството за надворешни работи на Грција.