Ципрас побара од Париз да го отвори европскиот пат за Северна Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и за Тирана. Тој ова го кажа во говор за проширување на Европската унија во францускиот Сенат.

– Кога беше постигнат Договорот од Преспа во 2018, за Северна Македонија „се отклучи“ перспективата за проширување, паралелно давајќи ѝ импулс и на албанската европска перспектива, а придонесе и за нов моментум во развојот на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Ако повторно ја изгубиме оваа динамика, ќе биде многу тешко одново да ја вратиме. Како можеме да поддржиме политичка стабилност и економски развој во Ирак или Авганистан или во Мали, па дури и во Украина, ако не можеме да ги исполниме нашите обврски за поддршка на европските земји кандидати за членство? Како може ЕУ на кредибилен начин да ги поддржи изгледите за решавање на меѓународните спорови, кога не може да поддржи една европска земја како Република Северна Македонија, која придонесе во решавањето на долгогодишно европско прашање? – рече Ципрас.