Црн ден во Македонија – 26 лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2667 тестирања, регистрирани се 978 нови случаи на коронавирус, додека пак 26 лица ја изгубија оваа битка.

  • Починати четири лица од Скопје (69, 88, 83 и 60 години)
  • Починато едно лице од Куманово (58 години)
  • Починато едно лице од Штип (83 години)
  • Починати четири лица од Прилеп (66, 76, 77 и 57 години)
  • Починати четири лица од Тетово (50, 67, 78 и 63 години)
  • Починато едно лице од Струга (82 години)
  • Починати две лица од Велес (79 и 73 години)
  • Починати две лица од Битола (72 и 84 години)
  • Починати три лица од Охрид (57, 71 и 57 години)
  • Починато лице од Гевгелија (87 години)
  • Починато лице од Струмица (67 години)
  • Починато лице од Кочани (70 години)
  • Починато лице од Делчево (49 години)

Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39.760, бројката на оздравени пациенти е 23.035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15.589.