Србија го сруши рекордот на новозразени за 24 часа. Во оваа земја се регистрирани 1.053 нови случаи, или за првпат има бројка од над 1000 новозаразени.
Овие новозаразени се дијагностицирани од 9.430 тестови.
Пет лица ја загубија битката со Ковид-19 во последните 24 часа.
Во моментов на респиратор се 39 пациенти. Вкупната бројка на починати во Србија изнесува 798 лица.
