Црни прогнози од Германија: Во третиот бран може да имаме и 100 илјади заразени дневно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Третиот бран на коронавирусот во Германија би можел да се претвори во најлошиот досега, со потенцијални 100 илјади нови случаи дневно.

Ова го изјавил денеска Лотар Вилер, директорот на германскиот Институт Роберт Кох.

Бројот на нови потврдени случаи со коронавирусот во Германија се зголеми последните неколку недели предизвикан од британскиот сој познат како Б117, и првите чекори за ублажување на мерките.

„Постојат јасни сигнали дека овој бран ќе биде полош од првите два“, рече Вилер додека ги повика сите да останат дома во текот на Велигден.

„Пред нас се многу тешки недели“.

Министерот за здравство Јенс Шпан, рече дека Германија во завршна фаза на „пандемискиот маратон“, но предупреди дека здравствениот систем во земјата би можел да ја достигне својата граница во април.