Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ рече дека на Владата на Црна Гора ќе се донесе одлука далиу ќе ја спонзорираат резолуцијата на ОН околу геноцидот во Сребреница.
Милатовиќ на Цетиње после средбата со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, рече дека Црна Гора за геноцидот во Сребреница има јасен став.
„Дали владата го сменила мислењето во односот на државниот став, тоа е прашање за владата“, рече Милатовиќ.
Црногорскиот парламент уште во 2021 година ја усвои резолуцијата за Сребреница, со која „најостро се осудува геноцидот во Сребреница“, и се забранува „јавно негирање на постоењето или смалување на геноцидот во Сребреница“, а 11 јули се прогласува за Ден на сеќавање на жртвите во Сребреница.
