Цртеж на Да Винчи може да достигне цена од 16 милиони долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вредност на цртежот „глава на мечка“ кој е потпишан од Леонардо да Винчи, би можел да се најде на аукција и да достигне цена од 16,7 милиони долари.

„Глава на мечка“ е нацртана со техника на сребрен молив на специјална розова хартија. Аукциската куќа наведува дека тој е „еден од малкуте останатите цртежи на Леонардо во приватна сопственост, а не е во британско-кралскаа колекција“.

Сликата ќе биде прикажана на 8. јули на аукција во Лондон, а почетната вредност се чини ќе биде 11 милиони, со што ќе достигне и повеќе.

Тој изност би можел да го престигне познатото дело „Коњ и јавач“ кое во 2001 година е продадено за повеќе од 11 милиони долари, што е рекордна сума за цртежот од тој италијански ренесански уметник.