Црвен крст: Ураганот Мелиса може да погоди 1,5 милиони луѓе само на Јамајка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ураганот Мелиса може да погоди 1,5 милиони луѓе само на Јамајка, соопшти Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

„1,5 милиони луѓе би можеле да бидат погодени“, рече Нецефор Мгенди, според АФП. Мгенди предупреди дека бројот би можел да биде поголем.

По Јамајка, се очекува ураганот Мелиса да ја погоди источна Куба подоцна денес. Услови за тропска бура се прогнозираат и за Хаити вечерва.

Се очекува Бахамите да доживеат ветрови со сила на ураган, додека тропски бури се очекуваат во исто време на островите Туркс и Кајкос.