„Неколку дена водата кај браната Глажња е загадена, иако започна чистењето, тоа предизвика страв и паника кај граѓаните, а од друга страна надлежните велат дека нема потреба од загриженост бидејќи можно е да се алги“, вели репортерката на ТВ21.
Директорот на водостопанство Куманово, Оливер Илиевски, појасни дека инспекторите се сомневаат дека можеби се алги, но конечните резултати се очекуваат следниве денови и че покажат зошто водата е во ваква состојба.
Илиевски побара смиреност од граѓаните бидејќи за водата за пиење секојдневно се прават анализи и до сега состојбата е стабилна и нема никаков проблем.
Инаку, како што соопшти Илиевски, кај браните има 19 милиони кубици вода, а од оваа година се очекува и општина Липково да бара вода за пиење поради изградбата на прочистителната филтер станица е при крај.