Црвениот крст ќе биде првиот контакт за Авганистанците што вечерва ќе пристигнат на Скопскиот аеродром

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Црвениот крст ќе биде првиот контакт за граѓаните кои пристигнуваат од Авганистан, брифираат владини извори.

Испраќаме порака на топло добредојде, солидарност и поддршка која спасува живот. Сите граѓани ќе добијат основен пакет поддршка, вода, маска, средство за дезинфекција, велат од Владата.

Нагласуваат дека МВР ќе ги спорведе сите безбедносни проверки, а Министерството за здравство ќе обезбеди ПЦР тест и можност за вакцина.

Кажуваме добредојде на граѓани кои се спасуваат од налетот на радикализмот, кажуваме добредојде на народ кој 20 години ги бранеше мирот и демкоратијата во Авганистан, порачуваат од Владата.