Црвениот Крст со апел за помош за Петриња и Сисак

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Црвениот Крст на Македонија упати апел за помош и поддршка за Петриња и Сисак, кои беа најмногу погодени од вчерашниот катастрофален земјотрес.

Со големo жалeње ја слушнавме веста за катастрофалниот земјотрес кој ја погоди областа на Петриња и Сисак во Република Хрватска на 29 декември, 2020 година. Искрено сочувствуваме со семејствата на загинатите и повредени граѓани на Република Хрватска. По случувањето на земјотресот, Црвениот крст на Република Северна Македонија упати телеграма со сочувство и оствари контакт со Хрватскиот Црвен крст околу проценка на состојбите и обезбедување на хуманитарна помош за погоденото население од катастрофата. Црвениот крст на Република Северна Македонија ги понуди специјализираните тимови за одговор и дејствување при катастрофи, материјална помош од стоковите резерви на организацијата како и финансиска помош за погоденото население.

Со цел да обезбедиме солидарна поддршка на граѓаните и компаниите на Република Северна Македонија за погоденото население од земјотресот во Република Хрватска, Црвениот крст на РСМ објавува Апел за мобилизирање на финансиска помош за настраданото население. Хуманитарната акција ќе трае до крајот на месец јануари 2021 година.“, се вели во соопштението од Црвениот Крст.

AПЕЛ ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА ЗА ПЕТРИЊА И СИСАК
APEL PÊR NDIHMÊ DHE PÊRKRAHJE PÊR PETRINJA DHE SISAK

Со големo жалeње ја…

Posted by Црвен крст на Република Северна Македонија on Wednesday, December 30, 2020