Црвица, село „рането“ од печалбарството – од 2900 жители, сега во ова село живеат само 600

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Големи и убави куќи, но сите затворени поради печалбарството кое го зафати кичевско Црвица. Празните улици му даваат тажен изглед на селото. Ова село е најпогодено од иселувањето на жителите во потрага по подобар живот. Од локалната заедница велат дека Црвица има околу 2900 жители, но малкумина од нив живеат овде, претежно стари лица.

„Врз основа на статистиките кои ги имаме ние  како локална заедница, има околу 2900 жители, вкупно, деца, возрасни  и постари лица, од нив 600 живеат во селото и тоа половина од нив, стари лица“, посочи Бетим Кљоси.

Фето Даути , жител на Црвица кажува како било порано  а како е денес во ова село. Тој има еден локал  и раскажува како пред 20 години немало слободно столче, а денес се собираат едвај 5 лица.

„Има многу фактори, но главен фактор  е тоа што никој не си заминува од ќеиф туку од мака, како што вели народната поговорка. Не е лесно да го оставиш родното место и да почнеш нов живот во непозната земја. Но луѓето си одат заради лошите политики кои долги години владеат во земјава“, порача Фето Даути.

Чичко Фето за најважен фактор за иселувањето ги смета неповолните услови за живот, лошите услови во болница и правниот систем, кои се последица на погрешните политики кои не  прават ништо друго освен што ги бркаат младите од земјава.

„Мислам дека за 10 години ова село ќе исчезне, село кое има 550 куќи, со цела инфраструктура. Меѓутоа но проблемот е што овие не  донесоа невработеност туку сиромаштија, од ден на  ден, се се поскапува, народот  не се движи,  поскапува струјата, нафтените деривати поскапеа за 30-40%, поскапеа уште 30-40 илјади други производи, а народот спие со отворени очи,  ние сиромашните живееме во оваа држава, со овие луѓе и оваа слаба власт, 20 години еден министер, 20 години еден заменик министер, 20  години еден  политичар“, додава Фето Даути.

Ако во  1994 година во ова училиште учеа 280 ученици, денес учат само 32. Многу од младите кои се останати во Црвица, веќе чекаат виза за некоја од западните држави.