По повод одбележувањето на 11-ти јули, Денот на сеќавањата на геноцидот во Сребреница, претседателот на државата Стево Пендаровски имаше средба со Мунир Колашинац, претседател на Бошњачки демократски сојуз.
Колашинац, по тој повод му врачи на Пендаровски „Цвет на Сребреница“, во името на бошњачкиот народ кој живее во Северна Македонија. Воедно изрази благодарност за неговата несебична поддршка и залагањето за целосно почитување и остварување на правата на Бошњаците во нашата држава.
Во текот на оваа средба, претседателот на БДС, потсетил дека пред 11 години во Собранието на Република Македонија беше усвоена декларација со која беше поддржана Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница донесена на 15.01.2009-та година. Со оваа декларација Македонија стана прва на Балканот која ја усвои резолуцијата на ЕП за Сребреница.
Пендаровски на средбата порачал дека сите мора да се сеќаваат и потсетуваат на геноцидот во Сребреница и дека не смее да се дозволи да се повтори вакво нешто на било кој и било кога.
