Туџаров останува генерален директор на „Реплек“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Довербата кон Иван Туџаров за тоа да остане на позицијата генерален директор на компанијата „Реплек“, беше едногласно изгласана од членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Годишното собрание на акционери на АД „Реплек“.

Седницата претходно била прекината, кога дел од акционерите се изјасниле дека во време кога компанијата остварила 28 отсто раст, не требало да има намалување на дивидендата во однос на претходната 2019 година, а имало забелешки и на нетранспарентноста на работењето.

„Повторно се гласаше за истатите точки односно за одобрување на работата на УО и на НО на друштвото. Иако минатиот пат беше изгласно против, мнозинството гласови сега беа за одобрување на работата, освен на еден член од стариот Надзорен одбор. Иако не постигнавме да назначиме нов НО кои ќе има независни членови мислиме дека барем за момент постигнавме корисна дискусија. За жал членовите на НО остануваат вработени во друштвото, нивни животни партнери и тоа е судир на интереси. Надзорниот одбор треба да ја контролира работата на друштвото, но тоа не треба да го прават лица блиски до раководството, вели за Фактор, Владимир Пецовски, поголем акционер.

Вчера на Берзата не успеа и продажбата на пакетот акции од 6,88 отсто, кој беше понуден по цена од 135.000 денари за акција.