Туфегџиќ: Не е изненадување одлуката за притворот на Груби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Адвокатот Владимир Туфегџиќ вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не е изненадувачка одлуката за куќниот притвор на екс вицепремиерот Артан Груби.

„За мене не е воопшто некакво изненадување меѓутоа се отвора прашањето за правните стандарди и воедначеноста на правните стандарди кога е притворот во прашање за останатите граѓани – обични смртници“, вели Туфегџиќ.