Тунинг шоу кај плоштад „Скендербег“ – изложени скапи автомобили и до милион евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овој автомобил тип БМВ е од третата серија, многу убав автомобил а вакви автомобили останале само малку. Производен е во 1974 година. Сопственикот вели дека се грижи за неговото одржување и дека тоа го прави со голема пасија.

„Автомобилот го имам земено од пријател кој пред многу време ми го нашол. Го обновив и многу го сакам. Произведен е во 1974. Обновувањето на бојата чинело 2.800 евра, дисковите и другите работи 1.500-1.600 евра. Многу ме чинеше. Овој вид на автомобил е тешко да се најде бидејќи се многу стари и рѓосани.  7.000 евра ме чинеше за да го доведам во ваква состојба но не го продавам бидејќи е многу редок автомобил“, посочи сопственик на автомобил.

Ваквите автомобили кои се посебни беа изложени кај плоштад „Скендербег“. За овој настан имаше голема заинтересираност кај младите и љубителите на автомобилите кои дојдоа секаде.

Беким Елмаз, претседател на клубот „Чаир Тунинг Тим“ вели дека за прв пат се одржува ваков настан во Скопје, а главната цел е запознавањето и создавањето на дружба меѓу учесниците.

„Ова манифестација не е само за учество, туку суштината и да учествуваш и да се дружиш, да се добие ново друштво. Кога ќе запознаеш ново друштво тоа е голема награда, бидејќи доколку се случи да ти се расипе автомобилот, на пример, во Охрид, Кичево или Тетово, имаш отворена врата кај секого бидејќи формираш ново друштво“, вели Беким Елмази.

Бурхан Али, е идееен творец   на настанот. Вели дека секогаш сонувал за вакво нешто, а тој неколку години по ред учествува на  вакви настани надвор од земјата.

„Идејата извира од кога бев мал, веќе 18 години одам по вакви настани. Сум се натпреварувал во Австрија, Словенија, Косово, Србија и Бугарија, идејата беше ние од Скопје да направиме нешто и да стане традиција“, вели Бурхан Али.

На автомобилите им беа доделени разни награди според категории, имаше  модифицирани автомобили, олдтајмери, патни автомобили, кабрио, егзотични и многу различни типови.