Откако се раздели со Гоце Седлоски, Шкупи го ангажираше турскиот тренер Чихан Арслан за нов шеф на стручниот штаб. Станува збор за тренер кој има големо искуство во турски клубови, а беше и во БИХ во тимот на Челик Зеница.
Арслан во својата кариера ги водеше Кочаелиспор, Болуспор, Гестепе, Башакшехир, Беледиеспор, Аданаспор, Маниса, Баликесирспор, Касимпаша, Малатијаспор.
Арслан веќе го одржа и првиот тренинг на екипата денеска и имаше можност да се запознае со средината и со играчите. Со него доажа и Февзи Лајиќ, кој ќе биде дел од стручниот штаб на Арслан.
Шкупи е актуелен првак, а во моментов се наоѓа на второто место со четири бода негатива од лидерот Струга ТЛ.
