Туристичките агенции пред колапс – Владата да помогне на туризмот и компаниите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Туризмот е се повеќе погоден од пандемијата. И домашните туристи не патуваат надвор од економски причини но и од безбедносни причини. Универзитетската професорка по туризам Арта Кадриу вели дека туризмот е во загуба и владините мерки треба да го поддржат овој сектор бидејќи истиот е пред колапс.

„Бидејќи оваа индустрија е во развој, ние само што започнавме со развој на туризмот, наидовме на доста сериозни пречки поради Ковид-19. Ако немаме помош од државата ќе биде тешко, голем број туристички агенции, хотели и ресторани  да функционираат“, посочи Арта Кадриу.

Од туристичките агенции велат дека во споредба со минатите години, имаат пад од 60% за туристички аранжмани, а оваа година освен што немале патници од ЕУ како што се печалбарите, немало ни домашни туристи кои одат на одмор во Албанија или Турција. Според нив, доколку владата не им помогне, многу од туристичките агенции ќе стават клуч на врата.

„Годинава имаше мала раздвиженост бидејќи нашата работа е поврзана со туризмот и печалбарите а тие оваа година дојдоа само 15 или 20% и во различни временски периоди и сега продолжуваме со низок број и ние како агенција но и другите агенции воопшто  се на раб на егзистенција, работиме само за да преживееме, сега за сега патник со пасош само не може да патува, треба да среди документи, а и со документите е многу тешко“, велат од туристичката агенција.

Во текот на летото, туристите од Македонија можеа без ПЦР тест да патуваат само во Албанија и Турција а повеќето државјани на Македонија не патуваа надвор од земјата поради неколкудневната изолација што ја бараа повеќето земји на ЕУ. И Македонија ги ставаше во изолација тие кои доаѓаа од надвор во 2 неделен карантин во хотелите.