Туризам со оштетен пат не се прави – патот од кичевско Дардиште три години е уништен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веќе три години раскопан и несаниран. Ваква е состојбата на локалниот пат кај Рекреативниот центар Крушино или Дардиште кој води до кичевското село Кнежино. Оваа улица е многу фреквентна, низ неа поминуваат многу жители од Кичево кои се занимаваат со различни спортови но и семејства кои одат на пикник. Но веќе три години е раскопан и оставен во таква состојба. Ова го отежнува движењето на возилата бидејќи се формирани големи дупки кои се непроодливи.

Не само тоа, малку подолу е отворен дупка долж улицата, оваа снимка ја покажува опасноста со која се соочуваат возачите во случај на лизгање на патот на дождливо време. Нема никаков знак кој предупредува на опасноста.

„Оваа улица веќе три години е оштетена од страна на претпријатието кое го гради автопатот Кичево-Охрид и истата се уште не е санирана. Таа го поврзува рекреативниот центар Крушино но и селото Кнежево, жителите се жалат дека по улицата тешко се минува со автомобил и очекуваат што побрзо да се најде решение за оваа улица“, вели репортерката на ТВ21.

Ангел Настев, главен надзорник на изградбата на автопатот Кичево-Охрид вели дека проблемот е во претпријатието Македонски шуми. Тие излегле на терен за да ја евидентираат состојбата но се уште немаат издадено дозвола да продолжи работат на тој дел. Тој се надева дека наскоро ќе започнат со работа за санирање на тој дел на патот но и со работите кои се оставени на пола.

За оваа улица ТВ21 го контактираше Министерството за транспорт и врски но од таму велат дека за тоа треба да го контактираме ЈП Државни патишта, од каде што не одговорија на нашите прашања информирајќи не дека се на годишни одмори.

Од компанијата Гранит која го доби тендерот за изградбата на патот, велат дека на крајот на месецот ќе започнат со работа на оваа улица која е многу фреквентна и потребна за Кичевци и жителите на село Кнежево.