Турската полиција уапси 43 демонстранти во Истанбул

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи.

Во понеделникот вечерта повторно се одржа митинг на опозицијата на плоштадот Сарачане во близина на градското собрание, на кој присуствуваа неколку илјади луѓе.

Помали групи демонстранти се обидоа да одржат демонстрации и во други делови на Истанбул, соопшти агенцијата.