Турското Министерство за одбрана објави дека балистичка ракета лансирана од Иран, која влегла во турскиот воздушен простор, била неутрализирана од воздушните и ракетните одбранбени системи на НАТО распоредени во источниот Медитеран.
Во соопштението се наведува дека Турција презема сите потребни мерки против каква било закана насочена кон нејзината територија и воздушен простор. Се додава дека се во тек консултации со надлежната земја за разјаснување на сите околности на инцидентот.
Турските власти велат дека внимателно ги следат случувањата во регионот и дека националната безбедност е нивен врвен приоритет.
