Од денеска Фејсбук страницата на Телевизија 21 е верифицирана и потврдена како медиум кој работи професионално и автентично известува за случувањата во земјата и регионот.
5 години ТВ21 е во постојана потрага на вистината, сослушувајќи ги сите страни и давајќи го микрофонот на секој оној кој има што да каже пред нашата камера.
Тимот на ТВ21 секојдневно работи на објавување висококвалитетна, професионална и привлечна соодржина за нашата публика. Со верификацијата на нашата Фејсбук страница, секој од нашите над 220.000 илјади следбеници ширум светот добива уште една потврда, дека нашите вести нема да го изневерат, ниту нанесат одреден конзистентен став. Ние ги пренесуваме само фактите, а коментарите ги оставаме на нашата публика.
Изминатите 5 години, известувавме од сите настани кои на некој начин го променуваат секојдневниот живот. Во 5-те години, го оправдавме и нашето мото „Преку секоја граница“. За тоа говорат досегашните добиени награди за професионално и етичко известување како и статистиките на социјалните медиуми и веб страниците на ТВ21.
Секој месец, на веб страниците на ТВ21 имаме повеќе од 100.000 читатели од целиот свет, а нашите видео соодржини во овие години се прегледани на 100.000.000 пати.
