ТВ21 дознава: Пукање во Батници, еден мртов, еден тешко повреден

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Утрово се случило пукање во Батници, јавува репортер на ТВ21.

Според првичните неофицијални информации едно лице загинало во престрелката, а уште едно со тешки повреди е пренесено на скопските клиники.

Од МВР се уште очекуваме првични информации.

МВР потврди дека во пукање во Батинци има жртва, и еден тешко повреден.

„На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.“, стои во соопштението на МВР.

ТВ21 дојде и до повеќе детали за убиството, кои може да ги прочитате на следниот ЛИНК.