ТВ21 ја испраќа 2020. со нови рекорди – ова се најчитаните топ 10 вести

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште една година се ближи до својот крај, а 2020. сигурно ќе остави печат кај секој од нас, како исклучителна година. Година што постави безброј предизвици на целиот свет и промени на кои требаше да се одговори брзо.

Водени од својата мисија од самиот почеток да изградиме доверба кај гледачите, промените ги правевме и ние, без да отстапиме од професионалноста. Веродостојни и навремени информации кои обезбедуваат инспирација секој ден, во изминатите 5 години од постоењето на ТВ21, тоа е она што нас не води.

365. денови позади нас беа тешки, но ТВ21 со своето визионерско водство успеа да ги зајакне своите дигитални платформи. Инвестициите во секторот социјални медиуми и веб платформи не ги занемаривме ниту оваа година, а резултатите? Повеќе од тоа што го планиравме и очекувавме за оваа 2020. година.

ТВ21 со своите читатели уште од 2015. година ја гради својата комуникација и доверба, а својот квалитет го потврдивме и оваа година.

Во 2020 година, веб платформите на телевизијата имаа над 1 милион вистински корисници. ТВ21 е исто така и најсилниот бренд на социјалните мрежи. На Фејсбук со месечен опсег до 4 милиони луѓе, а нашите видео содржини изминатата година се прегледани над 90 милиони пати.

Не застануваме тука, има една стара поговорка која вели ако човек не знае дали игра или работи, тогаш тој е успешен. Продолжуваме и во новата година, со јасно утврдените критериуми и новите производите кои ги подготвуваме за Вас. Бидете со нас!

ТОП 10 НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ ВО 2020 ГОДИНА

  1. Веб страницата купувам домашно неактивна – граѓаните и натаму не можат да ги подигнат ваучерите
  2. „Купувам домашно“ падна – граѓаните немаат можност да проверат дали добија ваучер
  3. Силен земјотрес почувствуван во Македонија
  4. „Domasiedoma.gov.mk“ е во функција, проверете дали добивте ваучер од 6.000 денари
  5. Зоран Заев одговори дали повторно ќе коалицира со ДУИ
  6. Проверете дали сте меѓу оние кои добиле помош од Владата од четвртиот пакет мерки
  7. Хеликоптер вечерва ги вознемири скопјани – еве за што станува збор
  8. ВИДЕО: Тажно, погледнете како реагираа животните во скопската зоолошка градина по земјотресот, утрово
  9. ФОТО+ВИДЕО: Како изгледаше акцијата во Арачиново и што е пронајдено и запленето
  10. Ѝ починаа сопругот и ќерката, синот ѝ е болен – мајакта Шерифе за да преживее продава баклава