Лондонскиот неделник „Економист“, во Скопје ќе го организира вториот Самит за Западен Балкан насловен „Промовирање на европската инклузивност и солидарност“.
ТВ21 ќе биде медиумски партнер на форумот на кој учесници ќе бидат познати имиња од земјата и странство. Присутни на форумот ќе бидат и: премиерот Зоран Заев, американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар, премиерот на Косово, Албин Курти, вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, и бројни други функционери.
Теми на форумот ќе бидат: Како да се зајакне стабилноста и соработката во регионот? Како може да се забрза интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ? Кои се приоритетите за Северна Македонија и регионот во пост-ковид периодот? Самитот ќе се одржи на 14 октомври во Хотелот „Хилтон“ во Скопје.
