Вака се честита Бајрам во Тетово!
ТВ21 гостуваше во семејството на Бурхан Муслиу, каде се слави Рамазан Бајрам, како и во секое муслиманско семејство низ државата!
Но, каков е денот на овој празник во Тетово?
„Денот на празникот Бајрам започнува со намаз во џамијата, потоа одиме на гробиштата кај членовите на семејството со кои сме разделени , што значи дека го славиме Бајрам со мртвите, потоа се враќаме дома и го јадеме лебот за Бајрам. После гледаме што се приготвува за десерт по традиција, татлија како што велиме, баклава, торта попарена со шербет и славиме Бајрам дома, потоа одиме на гости кај роднини, одиме и во други градови, не само во Тетово туку и во Гостивар, Скопје и другите градови и со тоа завршува Бајрам. Големиот Бајрам го славиме три дена, тоа е обичај, а мал Бајрам еден или два дена се слави“, вели Бурхан Муслиу.
Но, дали традициите на празникот во Тетово почнаа да се менуваат?
Вообичаено е мажите да одат кај роднините, додека домаќинките остануваат дома за да ги пречекаат гостите. Според Муслиу, оваа традиција почнала да се менува.
„Во последно време овој менталитет почна да се менува, кога само мажите одеа на гости со своите деца, бидејќи повеќето деца уживаат во овој празник бидејќи собираат пари, но во последните години се сменија работите, бидејќи мажите одат првиот ден а вториот ден одат жените и девојките кај мајките, сестрите или обратно, така што можеме да кажеме дека нешто што досега не се практикувало сега се практикува и тоа е добро“, додава Бурхан Муслиу.
На овој празник се подготвуваат најразлични колачи, но најомилена е домашната баклава!
