ТВ21 влезе во ковид центарот во Кичево – најмладиот пациент има 21 година, капацитетите речиси полни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Отежната е состојбата во Ковид центарот во Кичево. Капацитетите се речиси полни. 36 пациенти со корона вирус се хоспитализирани на ова место. 21 годишно момче е најмладиот пациент, а највозрасниот има 82 години. Состојбата на пациентите е тешка иако некои од нив не се во животна опасност. ТВ21 ги посети заразените пациенти во овој град. Ни рекоа дека се задоволни од условите и третманот.

Инфектологот Фљутура Фејза апелира до сите граѓани да се пријават за вакцинација бидејќи во спротивно нема да можат да се справат со овој вирус.

„Постојано имавме овие денови, овој месец беше борба секој ден, јас, сестрите, другите доктори, целиот персонал кои се во Ковид центарот. Ова борба продолжува и ситуација е сериозна. Апелирам до сите граѓани своеволно да одат да се вакцинираат“, посочи Фљутура Фејза.

Директорот на болницата, Спиро Трпески, вели дека моментално ситуацијата е под контрола иако има 36 пациенти. Додава дека дека имаат план Б доколку дојде до влошување на ситуацијата.

Пандемијата со коронавирусот направи проблеми во Кичево. Но, со отворањето на Ковид центарот, работите малку тргнаа на подобро, бидејќи сега има подобри услови за пациентите, но и медицинскито кадар.