Екипа на ТВ21 се наоѓа во Белград каде утринава во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар се случи незапамтена трагедија.
Имено, 14-годишен ученик со револвер упадна во училиштето и уби 8 ученици и едно лице од обезбедувањето.
На улиците низ Белград може да се забележат тага и солзи, а на местото се палат свеќи и се оставаат цвеќиња за прерано згаснатите животи.