Овој рид ги дели Северна Македонија и Грција.
Мигрантите често пати влегуваат илегално на македонска територија. А, овие планини никој не ги знае подобро од овчарот, Ристо Трајанов.
Неговата штала е неколку метри од границата. Тој тврди дека пред неколку дена, мигранти преноќиле во неговата штала. Тврди ека мигрантите не предизвикале никаква штета во селото. Според него, мигрантите се внимателни, бараат само вода и продолжуваат по својот пат.
Жителите на село Миравци, најблиското село до грчката границата, забележале облека по планините и велат дека тие можеби се од мигрантите.
Во градот Гевгелија има заселени полициски сили, но се вршат контроли и во селата. Освен полицијата на Северна Македонија ние забележавме и полицајци од земјите членки на ЕУ.
„Додека Грција се обидува да ги запре мигрантите во турската граница, ситуацијата во Северна Македонија е мирна. Нема нови мигранти, а има многу полицајци од ЕУ кои ја следат одблиску ситуацијата“, истакнува репортерот на ТВ21.
Од Кампот на мигранти во Гевгелија, велат дека моментално имаат само двајца мигранти, маж и едногодишно дете. Мајката на детето се наоѓа во кампот во Табановце и чека да се обедини со семејството и потоа заедно да се вратат во Грција.
Инаку, во камповите во Табановце и Ѓевгелија во месец февруари во форма на влез и излез престојувале околу 309 мигранти а пак вкупно во овие кампови поминале 4 илјади и 732 мигранти. Црвениот крст е подготвен да им ја даде првата помош на околу 10 илјади мигранти а пак има место да смести околу 200 миугранти. Ова денес го изјави генералниот секретар на црвениот крст Саит Саити. Инаку минатата година Црвен крст помагнал на 37 илјади мигранти.
„Обезбедивме првична подготвеност за првичен одговор за 10 илјади мигранти кои би транзитирале во државата и евентуално 200 од нив кои би биле сместени во нашите прифатни центри на влез и на излез на државата за 30 дена да можеме да ги опслужиме. Дотолку ситуацијата ескалира тогаш веројатно би се активирале следните чекори и механизми“, додава Саит Саити
Инаку, штипската полиција викендов пронајде 78 мигранти кои биле превезувани во комби од страна на двајца велешани. Полицијата се обидела да го сопре комбето, шоферот не застанал. По потерата и потрагата комбето е пронајдено, а возачот и неговиот совозач се уапсени.
