Овие повреди на десната страна на лицето, Енсар Исени тврди дека му ги нанел полициски службеник, поточно од единицата Тигри.
-Другарот го врзаа, лицето од друга страна, уште еден другар од другата страна, не им дозволија да видат што се случува.
Сето ова според него се случило на оваа уличка кај Вардар, во Градскиот парк, каде што го сретнавме Енсар кој тврди дека претрпел полициско насилство. Освен неговиот исказ, за настанот нема други докази, бидејќи како што видовме, наоколу нема ни безбедносни камери. Другарот со кого бил Енсар, не сакаше да зборува пред камера.
„Јас во 2 часот по полноќ на 10.12 бев со другар ми Џенгиз Иљаз одевме во ноќен клуб. Од оваа улица одевме и во моментот видовме дека некој со рака ни даде знак да застанеме. Застанавме, не извадија од кола и веднаш рацете горе и почнаа да не удираат по грб и јас им реков, кои сте вие и зошто ме удирате, сега ќе видиш кои сме. Ме однесоа во темница и почнаа да ме удираат 30 лица, сите од специјалната единица Тигри“, вели Енсар Исени.
За обвиненијата и тврдењата на Енсар, ТВ21 побара став од МВР, од каде не кажуваат дали е извршено насилство или не врз момчето, но велат дека е лишен од слобода бидејќи физички тој нападнал еден полицаец.
„На 10.12.2022 во 03.00 часот во близина на угостителски објект во Градскиот парк во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Е.И.(24) од Скопје поради физички напад врз полициски службеник кој вршел службени дејствија. Со кривична пријава тој е предаден на ОЈО Скопје, кое поведе постапка за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“, велат од МВР.
Од друга страна 24 годишниот Исени негира дека нападнал полицаец.
„Ме обвинија дека јас сум удрил еден полицаец од нив“.
-Дали е тоа вистина?
„Не е вистина, никогаш не сум удрил полицаец“.
-Порано си имал проблем со полицијата?
„Не, никогаш не сум имал. Јас на суд, чист сум, немам никаков проблем со државата“.
За овој случај реагираа и од АА, од каде преку соопштение побараа МВР да го запре и и истражи насилството на Тигрите врз младите Албанци.
