У21: Каратистот Трајковски обезбеди финале на ЕП во Грузија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Македонскиот каратист Витомир Трајковски се пласираше денеска во финалето во категоријата до 84 килограми на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржува во грузискиот главен град Тбилиси.

Трајковски во полуфиналето беше поуспешен со 2:1 од Халил Салиловиќ од Босна и Херцеговина и во утрешното финале ќе се бори за златниот медал против претставникот од Ерменија, Нерсисиан Гор.

реклама

Македонскиот каратист на патот до финалето во воведните две кола беше поуспешен од Италијанецот Лучиани Давиде со 3:2 и Мелос Гаши од Албанија со 1:0, а во трето коло со 6:1 триумфираше над Микита Сакивон, кој настапи под неутрален статус.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама