Американскиот пејач Џастин Тимберлејк е уапсен во Њујорк поради возење во алкохолизирана состојба, потврдија локалните власти за Би-Би-Си.
Тој беше приведен и обвинет во вторник наутро, на 18 јуни, според соопштението од канцеларијата на окружниот обвинител на округот Сафолк, но засега нема други детали за случајот.
Тимберлејк беше уапсен во Саг Харбор, богато село во областа Хемптон, популарна летна дестинација за многу познати личности на Лонг Ајленд.
Тимберлејк во минатото беше на лечење за прекумерно конзумирање на алкохол.
