Уапсен маж кој на „Тик-ток“ се заканувал дека ќе нападне божиќен саем во Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во германскиот пристанишен град Бремерхавен во неделата вечерта уапси маж кој се заканувал дека ќе изврши сериозни злосторства на „Тик-ток“ на божиќниот пазар во градот.

Веста доаѓа откако 50-годишен маж од Саудиска Арабија во петокот влетал со својот автомобил во толпата на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а ранил 200.

Полицијата успеала „многу брзо“ да го идентификува осомничениот по објавувањето на видеото и привремено го приведе, велат тие. Властите не дадоа дополнителни детали за уапсениот или сериозноста на заканите, но рекоа дека нема опасност за јавноста.