Шпанската полиција денеска влезе на стадионот на Барселона каде вршеше претрес и истрага.
„Ел Паис“ пренесува дека уапсени се поранешниот претседател Жозеп Бартомеу, директорот Оскар Грау, главниот во правната служба Роман Гомес Понти и советникот на претседателот Хауме Масферер.
Шпанските медиуми извесуваат дека во тек е операција која е поврзана со „Барсагејт“, случај во кој клупските официјални лица се обвинети за кампања на следење на сегашните и поранешните играчи кои биле критички кон клубот во време кога претседател бил Бартомеу.
Бартомеи и неговиот Управен одбор минатата година поднесоа оставки поради контроверзии околу Лионел Меси.
